Македонецот зборува за времето поминато во Интер

Пандев: Тешко дека некој друг тим во Италија ќе ја освои тројната круна

Пред десет години Интер предводен со Мурињо и со Пандев во составот ја освои историската тројна круна откако триумфираше во Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија. 

„Кориере дело Спорт“ денеска направи интервју со Горан Пандев, еден од хероите на Интер таа сезона.
 
Поминаа речиси десет години, но тие спомени постепено ми се враќаат. Направивме нешто исклучително и не знам дали некој друг тим ќе може да го повтори тоа. Бевме многу силни и обединети како група, ништо не ни недостасуваше“, вели Пандев.
 
„Мурињо беше прекрасна личност и тренер кој ни даде толку многу“.
 
Пандев беше запрашан и кој гол му е најмногу драг.
 
„Секогаш ќе се сеќавам на голот во дербито против Милан кое го добивме со десет играчи.А потоа и голот против Баерн кој ни овозможи пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Имам многу убави спомени од периодот во Интер“.
 
„Точно е дека во јануари можев да се вратам во Интер. И покрај тоа што тоа е клубот кој ме донесе во Италија и ми го промени живтот, чувствував дека треба да останам во Џенова. Целта е да го спасиме тимот од испаѓање. Тука во Џенова луѓето ме сакаат и ова е местото каде што треба да ја завршам кариерата, во најстариот клуб од Италија“.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе