Oд февруари Aрена спорт достапен за корисниците на А1 Македонија

А1 Македонија соопшти дека од февруари корисниците на телевизиските услуги три месеци бесплатно ќе бидат достапни спортските канали Арена спорт.

Од 1 февруари A1 Македонија почнува со реемитување на 17 нови телевизиски канали помеѓу кои се и најатрактивните спортски канали Арена спорт 1,2,3,4 и 5. Отсега, корисниците на телевизиски услуги на А1 Македонија, имаат можност да уживаат во спортските натпревари од УЕФА Лигата на шампиони, УЕФА Лига Европа, италијанското првенство Серија A, ракометната ЕХФ лига, кошаркарските НБА и AБA лига, како и многу други спортски содржини.

„Кaко компанија која секогаш е насочена кон збогатување на своето портфолио на производи и услуги, со цел усовршување на корисничкото искуство, воведувањето на Арена спорт каналите го гледаме како голема придобивка за нашите корисници кои следат спортски содржини. Сите обожаватели на најважната споредна работа во светот, фудбалот, ќе имаат можност да ги следат ексклузивните содржини кои ги нуди Арена спорт“, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Збогатувањето на понудата на А1 Македонија вклучува реемитување на 17 телевизиски канали: Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3, Arena Sport 4, Arena Sport 5, Agro TV, Arena Fight, Toxic TV, Toxic Folk, Toxic Rap, Arena Sport 1 HD, Arena Sport 2 HD, Arena Sport 3 HD, Arena Sport 4 HD, Arena Sport 5 HD, Balkan Trip и Arena E-sport и истите ќе им бидат достапни на корисниците согласно тарифниот модел и дополнителните пакети кои ги користат.

По завршувањето на промотивниот период од 3 месеци, во кој корисниците бесплатно ги добиваат овие канали, истите продолжуваат да бидат достапни согласно тарифниот модел на корисникот.

Воведените канали на Арена спорт соодветно ќе ги заменат досегашните Спорт клуб каналите, кои од 1 март нема да бидат дел од понудата на А1 Македонија.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе