НБА

Леброн му одговори на Ибрахимовиќ: Никогаш нема да премолчам работи кои се погрешни

НБА ѕвездата, Леброн Џејмс му одговори на Златан Ибрахимовиќ кој му порача на кошаркарот повеќе да се фокусира на играта, а помалку на политиката. 

Леброн Џејмс е еден од најактивните борци за права и често е активен со свои мислења за одредени теми во општеството. Тоа го стави во конфликтни ситуации со политичари, фанови, луѓе од медиуми... 
 
Златан Ибрахимовиќ во едно неодамнешно интервју му порача на Леброн дека треба да се држи до спортот, а не да бистри политика.
 
„Леброн е феноменален во тоа што го прави, но не ми се допаѓа кога луѓе ќе направат некој статус и одат во исто време во политика. Прави го тоа во што си добар. Во категоријата аво која си добар. Јас играм фудбал бидејќи сум најдобар во играње фудбал. Не се занимавам со политика. Политиката треба да биде на политичарите. Тоа е првата грешка што ја прават луѓето кога стануваат славни и кога ќе имаат одрден статус. Прави го тоа што го правиш најдобро, бидејќи во спротивно не изгледаш добро“, изјави Ибрахимовиќ.
 
Леброн Џејмс брзо му врати и го кажа својот став.
 
„Никогаш нема да замолкнам за работите кои се погрешни. Ќе продолжам да зборувам за мојот народ, за нееднаквоста, за социјалната неправда, расизмот, систематското сузбување на гласачите, за работите кои се случуват во нашата заедница затоа што бев дел од неа и гледав какви работи се случуваат. Знам што им се случува на група од 300 плус деца во моето училиште бидејќи минував низ сето тоа, и знам дека им треба глас. Јас сум нивниот глас“, вели Леброн.
 
„Го користам мојот статус за да зборувам за работите, да расветлувам што може да се случи на мојата заедница не само тука, туку низ целиот свет. Никогаш нема да се држам само до спортот, бидејќи разбирам колку е моќен мојот глас“.
 
„Смешно е тоа што го кажа Ибрахимовиќ, бидејќи мислам дека тој е истиот човек кој во 2018 година зборуваше за истите работи кои се случуваат во Шведска, бидејќи неговото презиме не е вообичаено за таа земја и велеше надвор од теренот го чувствувал тој расизам кон таквите како него“.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе