Зубац постигна 31 поен и имаше неверојатни 29 скокови и по три асистенции и блокади. Ова е третпат од сезоната 1973/74 некој кошаркар да има 31 поен, 29 скокови и три блокади.
По мечот Зубац рече дека не е среќен затоа што не направил уште еден скок за да има учинок 30/30.
„Се изнервирав затоа што сакав да имам 30 поени и 30 скокови. Дефинитивно не сум среќен затоа што можев да се надминам“, рече Зубац.
Клиперс со 114-100 го доби натпреварот против Индијана.
Резултати:
Бостон - Вашингтон 130:121
Детроит - Кливленд 94:102
Њујорк - Мемфис 123:127
Орландо - Филаделфија 103:133
Милвоки - Далас 124:115