Квалификации за СП

Зекири го одби повикот за Македонија, сака да игра за Косово, но КФСМ ќе се обиде да го блокира

Генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Владимир Георгиевски потврди дека Лејсон Зекири не се јавил на повикот на селекторот за престојните квалификациски натпревари за СП, неговата желба е да настапува за Косово. 

Фото: КФСМ
20-годишниот кошаркар кој настапува за косовскиот тим Приштина, не се појави на првиот собир на кошаркарската репрезентација и нема да биде дел од престојните мечеви против Шпанија и Украина.
 
Генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски вели дека ќе преземат конкретни чекор за Зекири да не заигра за Косово.
 
На собирот се појавија сите повикани освен Лејсон Зекири. Со него немаме официјален контакт, но неофицијално дознаваме дека тој сака да игра за Косово. Потенцирам дека ова е неофицијална информација. Контактиравме со негови блиски, се обидовме да го добиеме за да разговараме“, вели Георгиевски.
 
„Ние немаме многу млади кошаркари па да дозволуваме да играат за други држави. Досега не дозволуваме кошаркари кои поседуваат наш пасош да играат за други репрезентации. Засега размислуваме да не ја одобриме дозволата за настап ако таа дојде. Тоа секако нема да застане тука. Политиката на ФИБА малку е ограничена и малку ни се врзани рацете. Но ќе се потрудиме тоа да не се случи и да биде пример за другите“.
 
Зекири играше за младинските селекции на Македонија, а беше дел и од МЗТ Скопје и Гостивар.

Легенда под Главна слика

Фото: КФСМ

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе