За прв пат

Здружението на кошаркарски прволигаши добива жена претседател

За прв пат Здружението на кошаркарски прволигаши ќе има жена претседател, станува збор за Мери Ковачевска од КК Пелистер. 

Мандатот на Видоја Секуловски од МЗТ Скопје заврши, а на негово место ќе седне Мери Ковачевска од КК Пелистер, таа ќе биде новиот претседател на Здружението на кошаркарски прволигачши.
 
Мери Ковачевска ги доби потребните гласови од останатите прволигаши на гласањето кое се одржа по електронски пат.
 
Таа е член на управата на КК Пелистер кој покажува се поголеми амбиции во македонската кошарка.
 
Ковачевска на функцијата доаѓа во необичен период кога екипниот спорт се соочува со сериозни проблеми поради пандемијата на коронавирус. Дел од нејзините обврски ќе биде креирањето на календарот на сезоната, подобрување на протоколот за игра...

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе