среда, 24 април 2024

Армијата ги почна подготовките за воената вежба „Брз одговор 2024“

Од денеска почнуваат подготовките за изведување на вежбата „Брз одговор 2024“ (Swift Response 2024), што е во рамки на кампањата на вежби „Бранител 24“ (Defender 24) кои се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка, а се изведуваат секоја година на тлото на Европа, соопштија од Армијата на Република Македонија (АРМ).

Објавено на

часот

Сподели

Делот од вежбата „Брз одговор 24” што ќе се одвива на Криволак во период од 5 до 29 мај 2024 година, се состои од вежбовни активности на терен со изведување на одделенски и водни боеви гаѓања, како и во воздушниот простор со воздухоплови, беспилотни летала и изведување на падобрански скокови.

„Вежбата за нас има значење во однос на потврдување на капацитетите на армискиот полигон Криволак, подобрување на интероперабилноста и оспособеноста за борбено сервисна подршка на сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции. Воедно, интероперабилноста и вежбите како ‘Брз одговор’ овозможуваат одржување на потребното ниво на подготвеност и го истакнуваат силното сојузништво во НАТО Алијансата“, се наведува во соопштението од Армијата.

Активностите за подготовка, меѓу кои пристигнување на персонал и потребни материјални средства по копнен и воздушен пат, како и вежбовните активности на терен, се додава во соопштението, се одобрени со одлуката од 14 седница на Владата и се целосно координирани со сите надлежни институции согласно пропишаните процедури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ