НБА

Завршија победничките серии на Њујорк и Вашингтон (ВИДЕО)

Њујорк на свој терен загуби од Феникс со 110:118, во меч со продолжение Сан Антонио го победи Вашингтон со 146:143. 

Пред мечот со Феникс, Њујорк имаше серија од девет победи по ред, но синоќа на свој терен беа поразени од Феникс со 118-110.
 
Букер со 33 поени имаше свое шоу, Бриџис постигна 21 поен, најефикасен кај Њујорк беше Роуз со 22 поени.
 
 
Ноќеска беше прекината и победничката серија на Вашингтон кој пред дуелот со Сан Антонио имаше осум триумфи по ред.
 
Натпреварот беше неизвесен и решен по продолжение. Спарс победија со 146-143. Бил постигна дури 45 поени, но тие не беа доволни за да се дојде до нов триумф, во победничкиот тим Дероузан имаше фантастичен меч со 37 поени и десет асистенции, Мареј постигна 25 поени и 17 скокови.
 
 
Резултати:
 
Детроит - Атланта 100:86
Орландо - ЛА Лејкерс 103:114
Филаделфија - Оклахома 121:90
Вашингтон - Сан Антонио 146-143
Њујрок - Феникс 110:118
Торонто - Кливленд 112:96
Мајами - Чикаго 102:110
Минесота - Јута 105:104
Њу Ореланс - ЛА Клиперс 120:103
Денвер - Мемфис 120:96
Сакраменто - Далас 113:106

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе