НБА

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА, Лејкерс ќе мора преку плеј-ин да стигне до плеј-офот

Синоќа се одиграа последните натпревари од регуларниот дел од сезоната по што се познати учесниците во плеј-офот, Лос Анџелес Лејкерс се уште не е таму, ќе треба да го поминат плеј-инот за да се пласираат. 

Единствена непозната пред вчерашните последни мечеви беше судбината на Лејкерс, дали ќе се пласираат директно во плеј-офот, или ќе треба тоа да го направат прелку меч од плеј-ин.
 
Тие го победија Њу Орлеанс со 110-98, но Портланд го доби својот дуел со Денвер со 132:116, па ја одбрани позицијата. Лејкерс остана на седмото место и ќе игра плеј-ин против Голден стејт.
 
Ако Лејкерс го победи Голден стејт ќе се пласира во плеј-офот, поразениот од овој дуел ќе добие уште една шанса, ќе игра со победникот од мечот меѓу Мемфис и Сан Антонио.
 
На истокот победникот од мечот меѓу Бостон и Вашингтон ќе оди во плеј-офот, а поразениот ќе игра против победникот од дуелот меѓу Индијана и Шарлот.
 
 
Плеј-оф 

Запад
Јута - тим од плеј-ин
ЛА Клиперс - Далас
Денвер - Портланд
Феникс - тим од плеј-ин
 
Исток
Филаделфија - тим од плеј-ин
Њујорк - Атланта
Милвоки - Мајами
Бруклин - тим од плеј-ин
 
Резултати:
 
Њујорк - Бостон 96-92
Торонто - Индијана 113-125
Вашингтон - Шарлот 115-110
Сан Антонио - Феникс 121-123
Голден стејт - Мемфис 113-101
Атланта - Хјустон 124:95
Бруклин - Кливленд 123:109
Филаделфија - Орландо 128:117
Детроит - Мајами 107:120
Чикаго - Милвоки 118:112
Минесота - Далас 136:121
Њу Орлеанс - ЛА Лејкерс 98:110
Оклахома - ЛА Клиперс 117:112
Портланд - Денвер 132:116
Сакраменто - Јута 99:121

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе