Мундобаскет 2019

Заврши првата фаза од Светското првенство, САД ја преслуша Јапонија со 53 поени разлика

Заврши првата фаза од Светското првенство во кошарка кое се одржува во Кина, САД забележа висока победа над Јапонија, Чешка и ги спакува куферите на Турција.

Со одигрувањето на последните мечеви од групите Е, Ф, Г и Х, заврши првата фаза од Мундобаскетот. САД ја преслуша Јапонија со 98-45 и го потврди првото место во својата група.

Турција пред два дена беше на чекор до сензација и победа над фаворизираните Американци, но денеска доживеа непријатно искуство, загуби од Чешка со високи 76-91 и го заврши настапот на Светското првенство.

Австралија во возбудлив финиш стигна до победа од 87-82 над Литванија во меч за првото место во Групата Х. Во дуел кој немаше резултатско значење, Канада го совлада Сенегал со 82-60.

Во Групата Ф, Бразил ја совлада Црна Гора со 84-73 за три од три, а Грција стигна до триумф од 103-97 над Нов Зеланд и не дозволи изненадување и елиминација.

Франција без многу проблеми со убедливи 90-56 ја совлада Домениканска Република и го потврди својот статус на најдобра репрезентација во Групата Г. Германија не дозволи дебаклот да биде целосен во Кина и со 96-62 го совлада Јордан.

Веќе утре на програтама е втората фаза од Светското првенство. Првите две репрезентации од секоја група ќе формираат нови четири групи и ќе се борат за пласман во четвртфинале. Последните две репрезентации од секоја група исто така ќе формираат нови четири групи и ќе се борат за пласман од 17-то до 32-то место.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе