„Штрковите“ направија брејк и поведоа со 2-0

Заморот повторно го стигна Работнички, МЗТ на победа до титулата

МЗТ Скопје поведе со 2-0 во финалето против Работнички, вечерва „штрковите" победија како гостин во „Борис Трајковски" со 60-69.

Работнички го загуби натпреварот број 2 и покрај тоа што водеше три четвртини. Заморт ги стигна домашните кошаркари, па МЗТ Скопје во последните 10 минути го свртеа резултатот во своја корист и сега се на победа до титулата.

Иизбраниците на Докузовски одлично го започнаа мечот, на два пати имаа двоцифрена предност (19-9 и 21-11), но МЗТ Скопје успеа во финишот на првиот дел да намали на 21-15.

Гостите на средината од вториот период стигнаа до егал (27-27), но Работнички се врати во водство и на пауза се замина со резултат 38-32.

Во третиот период, МЗТ Скопје во неколку наврати се приближи, но „центарци“ не го испуштија водството и во последните 10 минути влегоа со три позитива (50-47).

Но слично како и на првиот натпревар, заморот го стигна Работнички во последната четвртина, тенката клупа си го направи своето, па МЗТ со серија од 0-12 го превзеде водството и на крајот славеше со 60-69.

Костов со 19 поени беше прв стрелец во редовите на Работнички, а по 10 поени постигнаа Ефремовски и Младеновиќ.

Дамјан Стојановски со 16 поени беше најдобар поединец кај МЗТ Скопје, Медфорд и Иванов имаа по 10 поени, а Самарџиски и Симоновски по 9 поени.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе