Стана само трет кошаркар на кој тоа му успеало

Зак Лавин имаше ноќ за паметење, постигна 13 тројки за победа на Чикаго во Шарлот (ВИДЕО)

Зак Лавин имаше неверојатни 13 тројки на мечот меѓу Шарлот и Чикаго кој го добија гостите со 116:115, тој постави клупски рекорд и влезе меѓу тројцата во НБА со најмногу тројки на еден натпревар. 

Ноќешните натпревари во НБА беа во знакот на кошаркарот на Чикаго, Зак Лавин кој имаше неверојатна вечер постигнувајќи 13 тројки.
 
 
13 тројки на еден натпревар е рекорд на Чикаго Булс, а Лавин стана само еден од тројцата во историјата со таков учинок.
Рекордот го држи Клеј Томпсон со 14 тројки на еден натпревар, а второто место сега го делат Стеф Кари и Зак Лавин со 13.
Резултати:
 
Минесота - Феникс 98:100
Шарлот - Чикаго 115:116
Индијана - Орландо 111:106
Атланта - Торонто 116:119
Њујорк - Сан Антонио 104:111
Филаделфија - Мајами 113:86
Мемфис - ЛА Лејкерс 108:109
Милвоки - Детроит 104:90
Јута - Њу Орлеанс 128:120

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе