МЗТ Скопје конечно победи натпревар од АБА лигата откако со 15 разлика славеше на гостувањето кај Цибона во Загреб. Македонскиот шампион одигра борбено како ретко кога оваа сезона, шутот му одеше, а и одбраната беше на потребното ниво.
Аеродромци лошо го почнаа натпреварот, Цибона направи предност од 10:3, до крајот на период МЗТ намали на 19:15. Македонскиот тим продолжи со добрата игра и во втората четвртина, успеа брзо да направи водство кое не го испушти до крајот на натпеварот. Резултатот на полувремето гласеше 41:38 за МЗТ.
Натпеварот беше решен во третата четвртина која МЗТ Скопје ја доби со 30:18, во последниот период само го одржа водството за конечна победа од 92:77.
Мавра и Стојановски беа најефикасни со по 18 поени, Симоновски постигна 16, во составот на Цибона, Зориќ постигна 20.
Овој триумф ја враќа надежта дека на крајот МЗТ Скопје ќе може да го избегне последното место на табелата и да избори опстанок во АБА лигата.