Ќе останат без 50% од примањата

За слабите резултати „Штрковите“ удрени по џеб, управата ги казни играчите на МЗТ

Шампионот на Македонија реши со непопуларна мерка да реагира по лошите резултати остварани во АБА лигата но и домашното првенство, кошаркарите на МЗТ се парично казнети

„Штрковите“ имаат очајна сезона, со само три победи на 22 натпревари го завзедоа последното место во АБА лигата, а не блескаат ниту во домашното првенство каде веќе нанижаа шест порази.

Неуспесите против Гостивар и Работнички очигледно ја прелија чашата па управата на клубот се реши за непопуларна мерка и удри по џебот на кошаркарите и тренерот кои се казнети со 50% од нивните месечни примања.

Во соопштението на МЗТ Скопје се вели дека ова е предвидено во дисциплинскиот правнилник на клубот и шампионот на Македонија изрази надеж дека паричната казна позитивно ќе делува кај играчите и членовите на стручниот штаб во пресрет на финишот од домашниот шампионат каде „Штрковите“ ќе ја бранат титулата.

МЗТ Скопје во исто време му укажа и доверба на тренерот Жељко Лукајиќ, и порача дека неговото место на клупата воопшто не е загрозено.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе