АБА2 лига

Втората АБА лига го одреди распоредот, МЗТ Скопје и Пелистер ќе ги одмерат силите во Осиек

Македонските екипи МЗТ Скопје и Пелистер попладнево го дознаа распоредот за новата сезона во АБА2 лигата, ќе се одиграат пет турнири на кои ќе има по две односно три кола.

АБА2 лигата и во сезона 2021/22 ќе се игра во „балони“, регуларниот дел ќе брои 13 кола а натпреварите ќе се одиграат на пет турнири.

Првиот турнир ќе се одржи во Златибор од 10 до 14 октомври, вториот на програмата ќе биде од 8 до 12 ноември во Осиек, треиот ќе се игра од 13 до 19 декември во Сараево, четвртиот е закажан во периодот од 17 до 23 јануари 2022 во Бања Лука, а завршницата ќе биде во Широки Бријег од 21 до 27 март 2022 година.

Осумте најдобри екипи ќе обезбедат место во плеј-офот, кој ќе се игра според „фајнл-ејт“ турнир на една средба и тоа во Белград.

Македонија оваа сезона ќе има два учесника во регионалното натпреварување, а дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер е закажан за 3. коло, односно вториот турнир во Осиек.

Распоред на натпреварите:

1. КОЛО

МЗТ Скопје – Младост Земун

Ловќен - Пелистер

2. КОЛО

Рогашка – МЗТ Скопје

Пелистер - Сутјеска

3. КОЛО

МЗТ Скопје - Пелистер

4. КОЛО

Осијек – МЗТ Скопје

Пелистер – Војводина

5. КОЛО

МЗТ Скопје – Хелиос

Широки - Пелистер

6. КОЛО

Спарс – МЗТ Скопје

Пелистер – Борац БЛ

7. КОЛО

МЗТ Скопје – Ловќен

Златибор - Пелистер

8. КОЛО

Пелистер – Младост

Сутјеска – МЗТ Скопје

9. КОЛО

МЗТ Скопје – Подгорица

Рогашка - Пелистер

10. КОЛО

Подгорица – Пелистер

МЗТ Скопје - Војводина

11. КОЛО

Широки – МЗТ Скопје

Пелистер - Осијек

12. КОЛО

Хелиос – Пелистер

МЗТ Скопје – Борац БЛ

13. КОЛО

Златибор – МЗТ Скопје

Пелистер - Спарс

Фото: МЗТ Скопје

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе