МЗТ Скопје

Војдан Стојановски уште две сезони ќе игра за МЗТ Скопје

Војдан Стојановски останува во МЗТ Скопје, македонскиот шампион успеа да ја задржи својата ѕвезда, го договори и за наредните две сезони. 

По завршувањето на минатата сезона беше нејасно дали Војдан ќе остане во МЗТ Скопје или повторно ќе замине во странство, на крајот се заврши позитивно за македонскиот клуб.
 
„Управата на МЗТ Скопје Аеродром изминативе недели водеше жестока битка со повеќе реномирани европски екипи за услугите на Војдан Стојановски (34 год, 194 см) од која, на крајот, излезе како победник, со оглед што успеа да го убеди македонскиот репрезентативец да го продолжи договорот и во следните две сезони да остане лидер на нашиот клуб“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.
 
Тој е единаесеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе