Престана да игра кошарка но милионите продолжуваа да стигаат

Во НБА навистина се случуваат неверојатни работи: До вчера секој ден добиваше 15.000 долари а три години е во пензија!

Дерон Вилијамс се пензионираше во 2017 а за Бруклин последен пат настапи во 2015, но и покрај тоа до вчера секој ден добиваше 15.000 долари од „Нетс".

Пред неколку години, мотото на НБА беше „каде се случуваат неверојатни работи“, и ова сигурно важи за Дерон Вилијамс.

По три настапи на Ол-старот, плејмејкерот во 2012 потпиша за Бруклин и доби петгодишен договор тежок 98 милиони долари. Сепак, по преселбата во „Барклис центар“, неговата кариера почна да оди во надолна линија, па „Нетс“ во 2015 решија предвреме да ја прекина соработката.

Дерон Вилијамс тогаш имаше уште две години од договорот од кои требаше да заработи 43.7 милиони долари, па Бруклин му вети исплата од 27,5 милиони долари во следните пет години, односно до 30. јуни 2020.

„Нетс“ заштедуваа пари на даноци, Дерон Вилијамс можеше да потпише за нов клуб, па двете страни беа задоволни од зделката. Плејмејкерот потоа потпиша за Далас, доби 14,5 милиони долари за две години (плус 5,5 милиони долари годишно од Бруклин).

По кратка авантура во Кливленд, Дерон Вилијамс реши да стави крај на кариерата во 2017, но и покрај тоа што престана да игра кошарка, парите продолжуваа да пристигнуваат, 15.000 долари секој ден до вчера.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе