Во финишот од натпреварот Димитријевиќ се удри колено во колено со италијански кошаркар и не можеше да продолжи. Со болки беше изнесен од паркетот, а веста за неговата повреда не е добра.
Александар Тодоров потврди дека Димитријевиќ нема да игра утре против Естонија.
„Утре ќе имаме два тешки противника: силната естонска репрезентација и нашиот замор кој е уште поголем проблем, особено ако знаеме дека ќе играме без Ненад Димитријевиќ“, изјави Тодоров.
Димитријевиќ е убедливо нашиот најдобар кошаркар на овие мечеви во Перм.
Утре против Естонија треба да оствариме победа со двоцифрена разлика за да се пласираме на Европското првенство. Мечот почнува од 15 часот.