„Северномакедонци“ од „Северна Македонија“

Во Европа веќе почнаа да ни го менуваат името, кошаркарите станаа „Северномакедонци“! (ФОТО)

Најголемиот европски сајт за кошарка „Евробаскет“ веќе почна да го употребува името „Северна Македонија“ за нашата земја, па така нашите кошаркари по националност станаа Северномакедонци.

Иако Македонија сѐ уште ни оддалеку ја нема поминато процедурата за промена на името во Северна Македонија, тоа веќе почнува да се користи во Европа. Најголемиот кошаркарски сајт на континентот, „Евробаскет“, веќе ни го промени името.
 
Доколку ја побарате нашата земја во графата на Европа, ќе забележите дека таа е именувана како „Северна Македонија“.
 
 
Кога ќе отворите профил на некој од македонските кошаркари, ќе ги видите и промените кај националноста на играчот. Ние го одбравме Дарко Соколов, според „Евробаскет“ тој игра во МЗТ Скопје од Северна Македонија, а по националност е „Северномакедонец“.
 
 
Промената на името, ако дојде до неа, сѐ уште не е официјално остварена, а според договорот со Грција, националноста нема да се менува. Ваквите предвремени промени на кошаркарскиот сајт „Евробаскет“ се навредливи за Македонците, па официјалните лица во македонската кошарка треба да реагираат за грешката да биде исправена.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе