НБА

Во драматичен меч по две продолженија Бостон го победи Клиперс (ВИДЕО)

Бостон и Лос Анџелес Клиперс одиграа драматичен натпревар кој беше решен дури по две продолженија, домаќините победија со 141:133. 

Во регуларниот тек од мечот двете екипи се менуваа во водство, само во еден момент Бостоин имаше двоцифрена предност и од од десет поени разлика 72:62. Но Клиперс се вратија и на крајот со тројка успеаа да дојдат до продолженија 114:114.
 
Немаше победник ниту по првото продолжение, но во вторите пет минути Бостон беше значително подобар и на крајот славеше победа од 141:133.
 
Татум со 39 поени и девет скока беше најдобриот поединец кај Бостон, одличен беше и Смарт со 31 поен, во составот на Лос Анџелес Клиперс, Вилијамс реализираше 35 поени.
 
 
Синоќа се одигра уште еден меч, уште еден неизвесен натпреварот во кој Оклахома дојде до гостинска победа кај Њу Орлеанс од 123:118.
 
Зион Вилијамс повторно блескаше, младиот кошаркар постигна 32 поени кои сепак не беа доволни да се избегне пораз. Кај Оклахома Џалинари постигна 29 поени.
 
 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе