Европско првенство за играчи до 16 години

Висок пораз од Русија во осминафиналето, Македонија ќе се бори за опстанок во елитата

Кошаркарската репрезентација на Македонја загуби со 25 поени разлика (75-40) во пресметката со Русија во осминафиналето на Европското првенство, сега целта е да се обезбеди опстанок во елитата.

По победата над Летонија, Русија не врати во реалноста, попладнево кадетите на Македонија убеливо загубија во осминафиналето на Европското првенство за играчи до 16 години.

Избраниците на Денис Дервишевиќ имаа катастрофален шут, погодоија само 17 удари од 73 обиди (23.29% на реализација), а за разлика на претходните мечеви, ја загубија и битката под кошевите, Русија имаше подобри бројки и во дефанзивните и во офанзивните скокови.

Па со ваква статистика немавме што да бараме. Двете репрезентации лошо го отворија мечот, дури три минути никој не успеа да поентира, а Русија беше таа која потоа направи серија од 6-0 и почна да го диктира темпото.

Предноста на противникот од минитува во минута се зголемуваше, на полувреме се замина со резултат 30-18. Во третите 10 минути реализиравме само скромни 7 поени, па противникот стигна до позитива од 21 поени (46-25).

Русија не застана ниту во последниот период, па конечниот резултат на крајот гласеше 70-45.

Најдобар поединец во нашите редови беше Андреј Митревски, кој со 14 поени беше единствениот со двоцифрен учинок.

Сега Македонија ќе разигрува за финиш од 9 до 16 место и опстанок во елитата. Тоа ќе го постигнеме доколку победиме на следниот натпревар против БиХ. Во случај на пораз, ќе треба да ги добиеме преостанатите два натпревари.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе