НБА

Винс Картер стави крај на кариерата по 22 години играње во НБА

Легендарниот НБА кошаркар, Винс Картер потврди дека стана крај на играчката кариера по 22 години поминати во најдобрата кошаркарска лига. 

Винс Картер и претходно најави дека оваа ќе му биде последна сезона, а сега и официјално преку подкаст кажа дека става крај на неговата кариера.
 
„Ако постои некое разочарување тоа е начинот на кој ја завршувам кариерата. Но тоа е, понекогаш има поголеми работи отколку крајот на мојата кариера. Коронавирусот зема многу животи и тоа е големата слика“, изјави Винс Картер.
 
Тој во својата кариера промени осум НБА тимови, најголемата слава ја стекна во својот прв клуб, Торонто Репторс за кој дебитираше во 1998 и каде остана шест сезони, потоа се пресели во Њу Џерси Нетс каде играше пет години, а го носеше и дресот на Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта. Картер има осум настапи на ол-стар натпреварите.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе