НБА

Вестбрук го постигна својот 18. „трипл-дабл“ и го изедначи учинокот од минатата сезона

Расел Вестбрук запиша нов трипл-дабл и ја предводеше Оклахома до победа над Мемфис од 103:96.

Не е ниту половина од сезоната, а Расел Вестбрук го постигна 18. трипл-дабл оваа сезона и се изедначи со својот учинок кој го имаше во текот на целата мината сезона.
 
Вестбрук постигна 24 поени, имаше 13 скокови и 12 асистенции, тоа беше негов 55 трипл-дабл во кариерата.
 
Вестбрук е на пат да стане вториот играч во историјата на НБА со просек трипл-дабл по Оскар Робертсон кој го направи тоа во 1961-62. Робертсон таа сезона имаше 41 трипл-дабл што изгледа недостижно за стигнување, но Расел може да го помине вториот, Вил Чембрлејн кој во сезоната 1967-68 имаше 31 трипл-дабл.
 
 
Одличен меч имаше и Џејм Харден за Хјустон, но неговиот тим загуби на гостувањето кај Минесота со 119:105.
 
„Брадата“ постигна 33 поени, имаше 12 асистенции и шест скока. Во тимот на Минесота најефикасен беше Вигинс со 28 поени.
 
Резултати:
 
Филаделфија - Њујорк 98:97
Бостон - Вашингтон 117:108
Минесота - Хјустон 119:105
Оклахома - Мемфис 103:95
ЛА Лејкерс - Орландо 105:96
Портланд - Кливленд 102:86
 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе