НБА

Вестбрук со топка го удри судијата по глава и доби техничка грешка (ВИДЕО)

Необичен момент се случи на мечот помеѓу Шарлот и Оклахома, Расел Вестбрук несакајќи со топка го погоди судијата право во глава и заработи техничка грешка.

Вестбрук сакаше да му ја фрли топката на судијата, но тој не го следеше тоа. Топката го удри судијата директно во глава по што му даде техничка на кошаркарот на Оклахома. Вестбрук се правдаше дека не е намерно, но судијата не отстапи од својата одлука.
 
 
Оклахома го загуби натпреварот со 123:112. Вестбрук беше најдобар во својот тим постигнувајќи 33 поени, имаше 15 скока и осум асистенции. Во победничкиот тим французинот Батум доминираше со 28 поени.
 
Чикаго имаше одличен натпревар со 106:94 го победи шампионот Кливленд и тоа на негов терен.
 
Леброн Џејмс со 31 поен беше најефикасен на мечот, но булси со тимска игра дојдоа до победата, најефикасен беше Батлер кој постигна 20 поени.
 
Резултати:
 
Шарлот - Оклахома 123:112
Орландо - Атланта 92:111
Њујорк - Милвоки 104:105
Кливленд - Чикаго 94:106
Голден стејт - Портланд 125:117
ЛА Клиперс - 115:106
Сакраменто - Мајами 102:107

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе