НБА

Вестбрук постигна 49 поени, но Харден и Хјустон се радуваа (ВИДЕО)

Расел Вестбрук имаше одлична партија, но таа не беше доволна за победа на гостувањето кај Хјустон, „ракетите“ победија со 118:116.

Хјустон и Оклахома одиграа интересен меч со неизвесен финиш кој го доби домашниот тим со два поени разлика.
 
Оклахома започна добро, ја доби првата четвртина со 38:33, но Хјустон направи пресврт, во еден момент имаше предност и од цели 18 поени разлика. Оклахома се врати во финишот, но не успеа да избегне пораз.
 
Одлична партија имаше Расел Вестбрук кој постигна 49 поени, имаше осум скока и пет асистенции. Харден реализираше 26 поени, имаше и 12 асистенции и осум скока.
 
 
Резултати:
 
Индијана - Бруклин 121:109
Детроит - Шарлот 115:114
Торонто - Јута 101:93
Хјустон - Оклахома 118:116
Њу Орлеанс - Атланта 94:99
Далас - Феникс 95:102
Денвер - Сан Антонио 99:127
Портланд - ЛА Лејкерс 118:109

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе