НБА

Вестбрук го направи најлудиот трипл-дабл во својата кариера (ВИДЕО)

Расел Вестбрук е познат по тоа што многу често има трипл-дабл, но синоќешниот против Индијана беше посебен, такво остварување има само уште Вилт Чембрлејн. 

Вашингтон ја победи Индијана со 154-141, Вестбрук не беше најефикасен на мечот, но имаше учинок за кој се зборува. Тој постигна 14 поени, имаше 21 скок и 24 асистенции.
 
 
Трипл-дабл со 20+ скокови и 20+ асистенции има направено само уште Вилт Чембрлејн.
 
Вестбрук има пет трипл-дабл учиноци со 20+ асистенции, најмногу во историјата на НБА. Меџик Џонсон и Рондо имаа по четири такви натпревари.
 
 
Најефикасен на мечот меѓу Вашингтон и Индијана, беше гостинскиот кошаркар Леверт со 33 поени, во домашниот тим Хачимура реализираше 27.
 
 
Резултати:
 
Детроит - Орландо 112:119
Вашингтон - Индијана 154:141
Њу Орлеанс - Голден стејт 108:123
Атланта - Портланд 123:114
Чикаго - Филаделфија 94:106
Мемфис - Њујорк 104:118
ЛА Лејкерс - Денвер 93:89
Јута - Сан Антонио 110:99

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе