За смртта на сопругот и ќерката

Вдовицата на Коби Брајант го тужи сопственикот на хеликоптерот

Вдовицата на Коби Брајант денеска поднесе тужба против сопственикот на хеликоптерот што минатиот месец се урна и во кој загинаа поранешната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс и нивната 13-годишна ќерка.

Во тужбата за неправедна смрт поднесена од Ванеса Брајант во суд во Лос Анџелес се вели дека пилотот бил немарен и несовесен со тоа што на 26 јануари летал во облачни услови и дека требало да го откаже летот.

Пилотот Ара Зобајан беше меѓу деветте луѓе што загинаа во несреќата.

Во тужбата на Ванеса Брајант се тврди дека Зобајан бил несовесен на осум различни начини, вклучувајќи и неточна процена на временските услови, летање во услови за кои немал дозвола и дека не успеал да го контролира хеликоптерот.

Компанијата сопственик на хеликоптерот, „Ајленд експрес“, на 30 јануари на својата веб-страница објави соопштение во кое наведе дека поради шокот од несреќата ги прекинува услугите сè додека не биде соодветно за персоналот и клиентите.

Националниот одбор за безбедност при транспортот ја испитува причината за несреќата на ридот во Калабасас, на периферијата на округот Лос Анџелес.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе