НБА

Уште една маестрална партија на Дончиќ, 41 поен во тексашкото дерби (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го предводеше Далас до нова победа, овој пат против ривалот Хјустон со 137:123. 

Далас дојде до убедлив гостински триумф кај Хјустон со 14 поени разлика во меч во кој водеа од самиот почеток.
 
Лука Дончиќ беше главен и на овој натпревар, постигна 41 поен, имаше и десет асистенции.
 
Со ваквиот учинок Дончиќ стана само четвртиот кошаркар од сезоната 1983-84 до денес кој успеал на четири последователни натпревари да има 30+ поени и 10+ асистенции. Тоа им успеало уште на Џејмс Харден, Расел Вестбрук и Мајкл Џордан.
 
 
Резултати:
 
Хјустон - Далас 123:137
Њујорк - Бруклин 101:103
Вашингтон - Сакраменто 106:113
Денвер - Феникс 116:104
ЛА Клиперс - Њу Ореланс 134:109

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе