Трагедија во Атланта

Убиен посвоениот брат на Кевин Дурант

Блискиот пријател на Кевин Дурант кој тој го нарекуваше посвоен брат синоќа бил смртоносно застрелан пред ноќен клуб во Атланта каде го славел својот роденден.

32-годишниот Клифорд Диксон синоќа со повеќе куршуми е застрелан на паркинг надвор од ноќен клуб во Атланта.
 
Полицијата се уште не го уапсила убиецот кој веднаш избегал од местото откако ги испукал куршумите во телото на Диксон.
 
Диксон бил посвоен од мајката на Дурант кога тој имал 16 години и станал многу близок со кошаркарот на Голден стејт.
 
„Нашата фамилија беше дополнување на неговата и ние делевме прекрасни спомени. Ова е голема загуба за сите нас кои го сакавме, ќе ни недостасува“, напиша мајката на Дурант.
 
Дурант го има спомнато Диксон и во неговиот говор по добивањето на наградата МВП во 2014 година.
 
„Има денови кога ќе дојдам дома вознемирен по натпревар или тренинг и ти ќе ми го направиш денот“, му се обрати тогаш Дурант на Диксон во говорот.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе