НБА

Убедлива партија на Денвер против Филаделфија (ВИДЕО)

Денвер со 104:95 ја победи Филаделфија, но во текот на мечот имаше и 25 поени предност, до крајот само ја тргнаа педалата од гаста и дозволија противникот да си замине со пристоен пораз. 

Денвер водеа во текот на целиот меч и го контролираа резултатот. Се почна од спектакуларната прва четвртина која ја добија со 44-22. Пред крајот на третиот период имаа водство и од највисоки 25 разлика, а потоа го намалија темпото и дозволија Филаделфија да дојде до пораз од само девет разлика.
 
Јокиќ мечот го заврши со 21 поен и 10 скокови, најефикасен беше Мареј со 30 поени, а после него беше Портер со 27 поени и 12 скокови. Кај Филаделфија најефикасен беше Максеј, со само 13 поени.
 
 
Резултати:
 
Вашингтон - Шарлот 104:114
Денвер - Филаделфија 104:95
ЛА Клиперс - Орландо 96:103
Феникс - Атланта 117:110

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе