Кадетско СП Скопје 2022

Убедлив пораз од Германија, Македонија ќе се бори за 11. место на Светското првенство

Македонските ракометарки до 18 години загубија убедливо од Германија со 34-21 и во последниот меч на Светското првенство ќе се борат против Хрватска за 11. место. 

Македонија лошо го почна мечот, Германија направи 4-1 на стартот, па имаше 8-3, потоа следуваше рамноправна игра до крајот на првото полувреме кое заврши со 17-12 за Германките.
 
Во второто полувреме разликата во квалитет беше уште поочигледна, Германија ја полнеше мрежата на Македонија и на крајот дојде до победа од 13 голови разлика, 34-21.
 
По четири гола за Македонија дадоа Емилијана Ризоска и Теодора Дукоска, Чурлиновска имаше 10 одбрани.
 
Утре од 16 часот Македонија против Хрватска ќе игра за 11. место на турнирот.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе