Познатиот турски кошаркар

Туркоглу кај Вучиќ: Добредојде, пријателе на Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се состана денеска со познатиот турски кошаркар Хидајет Туркоглу, објавено е на профилот на Вучиќ на Инстаграм.

„Добредојде за големиот пријател на Србија“, пишува во објавата, покрај фотографијата од состанокот на кој Вучиќ добил од Туркоглу два дреса на турската репрезентација – првиот со бројот 15, кој Туркоглу го носел како играч, а вториот со бројот 5 и со името и презимето на Вучиќ.

Туркоглу во моментов е претседател на Кошаркарскиот сојуз на Турција, а во Белград престојува по повод натпреварот на женските селекции на Србија и Турција во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Тој на српските љубители на кошарката им остана во убаво сеќавање од времето кога го носеше дресот на Сакраменто во НБА-лигата и од Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ го доби прекарот „Брат Хидо“.

Неодамна, за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Ердоган на Србија, при свечениот дочек, Вучиќ размени неколку реченици со Туркоглу, со насмевка констатирајќи дека е реткост при официјални средби некој да е повисок од него. Туркоглу е роден во Истанбул, но неговите родители се од Сјеница, тој зборува српски и е навивач на Партизан.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе