Евробаскет 2022

Турција сама се победи, Франција е прв четвртфиналист на Евробаскетот

Турција имаше добиена ситуација, но поради свои грешки дозволи натпреварот да отиде во продолжение, имаа шанса за триумф и во тие дополнителни пет минути, но повторно погрешија и дозволија Франција да триумфира со 87-86. 

Франција и Турција одиграа натпревар со исклучително драматичен финиш. Турците беа на прагот да направат големо изненадување, но не успеаа.
 
Франција одлично го почна мечот, во текот на втората четвртина имаа и највисоки 16 поени предност, 31-15, но работите се сменија во третиот период.
 
Во тие десет минути Франција постигна само шест поени, Турција не само што го сврте мечот туку во последната четвртина влезе со осум поени предност, 57-49.
 
Во последните секунди од натпреварот Турција имаше 77-75, две слободни фрлања и напад. Џеди Осман не ги реализираше слободните фрлања, го упропастија и напаадот, па Франција со кош на Гобер успеа да изедначи на 77-77 и да го однесе мечот во продолжение.
 
На 16 секунди до крајот на продолжението, Франција имаше водство од 87-86, а Турција имаше напад за победа. Но, Турците не успеаа ниту да шутнат, Французите им ја земаа топката и на крајот се радуваа на пласман во четвртфиналето.
 
Гобер со 20 поени и 17 скокови беше најдобар кошаркар кај Франција, Хертел постигна 13. Кај Турција Тунчер постигна 22 поени.
 
Франција во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Србија и Италија.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе