НБА

Трипл-дабл на Леброн за победа на Лејкерс кај Бруклин, Лилард ниту со 47 поени не спречи победа на Далас (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 128:113 победи на гостувањето кај Бруклин Нетс, гостински триумф оствари и Далас кој беше подобар од Портланд со 133:125. 

Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше Лејкерс до победа кај Бруклин. Кралот постигна 27 поени, имаше 12 скокови и десет асистенции.
 
Во тимот на Бруклин, најдобар беше Ирвинг со 20 поени, Принс реализираше два поени помалку.
 
 
Лилард имаше фантастична партија постигнувајќи 47 поени, но Портланд загуби на свој терен од Далас.
 
Дончиќ со 27 поени беше најефикасен во составот на Далас.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - Вашингтон 112:124
Бруклин - ЛА Лејкерс 128:113
Портланд - Далас 125:133 

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе