НБА

Трипл-дабл на Јокиќ, но Денвер загуби кај Хјустон, Мајами ја продолжи неверојатната серија на домашен терен (ВИДЕО)

Денвер со убедливи 121:105 е поразен на гостувањето кај Хјустон, Мајами по продолжение го совлада Вашингтон и ја продолжи импресивната серија на домашен терен. 

Хјустон без проблеми го совлада Денвер. Беше неизвесно само во воведната четвртина, потоа ракетите доминираа на теренот, неколку пати имаа предност и над 20 поени разлика, на крајот победија со 121:105.
 
Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл постигнувајќи 19 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
 
Вестбрук беше најдобар на теренот со 28 поени и 16 скокови, Харден реализираше 27 поени, над 20 за Хјутон постигна и Гордон, тој даде 25.
 
 
Мајами по продолжение го совлада Вашингтон со 134:129 и дојде до 20. победа на домашен терен од 21 одигран натпревар пред своите гледачи.
 
Тејлор Хероу со 25 поени беше најефикасен во составот на Мајами, Бил постигна 38 за Вашингтон но тие не беа доволни за да се избегне пораз.
 
 
Резултати:
 
Детриот - Сакраменто 127:106
Орландо - Оклахома 114:120
Торонто - Филаделфија 107:95
Атланта - ЛА Клиперс 102:95
Бостон - Мемфис 119:95
Мајами - Вашингтон 134:129
Њујорк - ЛА Лејкерс 92:100
Чикаго - Минесота 117:110
Хјустон - Денвер 121:105
Феникс - Индијана 87:112
Њу Орлеанс - Сан Антонио 117:121
Голден стејт - Јута 96:129

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе