НБА

Трипл-дабл на Харден, осма победа по ред за Хјустон (ВИДЕО)

Џејмс Харден ја продолжува одличната форма, со нов трипл-дабл го предводеше Хјустон до осмата победа по ред овој пат на гостувањето кај Торонто од 129:122.

Хјустон игра одлична сезона, „ракетите“ се во долга победничка низа, а Џејмс Харден е вистински предводник во тимот.
 
Ноќеска го совладаа тимот на Торното со одлична игра во последната четвртина во која направија пресврт и дојдоа до победа од седум поени разлика.
 
Домаќините водеа речиси во текот на целиот меч, Хјустон во водство дојде на почетокот од последниот период и го задржа до крај.
 
Џејмс Харден постигна нов трипл-дабал, натпреварот го заврши со 40 поени, 11 асистенции и десет скока. Де Роузан имаше 36 поени во тимот на Торонто.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Филаделфија 95:105
Милвоки - Вашингтон 101:107
ЛА Клиперс - Мајами 98:86
Торонто - Хјустон 122:129
Мемфис - Јута 88:79
Феникс - Кливленд 116:120
Портланд - Детроит 124:125
Сакраменто - Голден стејт 106:117
ЛА Лејкерс - Орландо 111:95
 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе