НБА

Трипл-дабл на Дончиќ но пораз за Далас, Јокиќ го предводеше Денвер до триумф над Мајами (ВИДЕО)

Одличната партија на Лука Дончиќ не беше доволна за победа на Далас на свој терен над Кливленд, тие загубија со 114-96, Никола Јокиќ се врати во соствот на Денвер, а со него се вратија и победите, тие славеа со 120-111 на гостувањето кај Мајами. 

Лука Дончиќ реализираше нов трипл-дабл постигнувајќи 25 поени, имаше и десет скокови и десет асистенции, но тоа не беше доволно за победа, Далас убедливо беше поразен од Кливленд. Ален со 28 поени беше најдобар кај гостите, Марканен постигна 24.
 
 
Денвер пред гостувањето кај Мајами беше во серија од шест порази по ред, но Јокиќ ги предводеше до триумф и прекин на црната низа.
 
Србинот постигна 24 поени, имаше и 15 скокови, го пратеше Гордон со 20 поени. Најдобар кај Мајами беше Адебајо со 24 поени и 13 скокови.
 
 
Моќен трипл-дабл имаше Сабонис во составот на Индијана која загуби со 100-98 на гостувањето кај Минесота. Литванецот имаше дури 25 скокови, постигна 16 поени и 10 асистенции. Најефикасен на средбата беше Таунс од Минесота со 32 поени.
 
 
Резултати:
 
Филаделфија - Орландо 101:96
Мајами - Денвер 111:120
Чикаго - Шарлот 133:119
Хјустон - Оклахома 102:89
Минесота - Индијана 100:98
Далас - Кливленд 96:114
Сан Антонио - Вашингтон 116:99
Јута - Портланд 129:107
ЛА Клиперс - Њу Орлеанс 104:123

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе