МАКЕДОНИЈА ПЕРФЕКТНА

Три од три на „Трофеј Македонија“, победа и над Босна и Херцеговина

Македонската кошаркарска репрезентација го освои „Трофеј Македонија“ откако славеше победа и во третиот натпревар, овој пат беше совладана Босна и Херцеговина со 71:67.

По победите над Португалија и Холандија, македонската кошаркарска репрезентација го доби дуелот и против Босна и Херцеговина и со максимален ефект го заврши турнирот „Трофеј на Македонија“.
 
Кошаркарите на Јорданчо Давитков во израмнет дуел успеаа да го добијат мечот против Босна и Херцеговина, а како клучна се покажа втората четвртина која македонската селекција ја доби со 22:16.
 
Во вториот дел Македонија со паметна игра само ја оддржуваше предноста за на крајот да победи со 71:67.
 
 
Најефикасен беше Ѓуроски со 12 поени, десет постигнаа Тасовски и Костоски, осум реализираше Чековски. Кај Босанците Лончар постигна 17 поени.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе