НБА

Трет пораз во низа на Лејкерси, неверојатниот Дончиќ во една вечер собори два рекорди на Џордан и Џонсон (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс го забележа третиот пораз во низа откако утрово загуби од Индијана со 116-111, неверојатниот Лука Дончиќ со трипл-дабл учинок го предводеше Далас до триумф од 136-132 над Милвоки.

Лидерот на Западот, ЛА Лејкерс влезе во лоша серија, „езерџиите“ наредија три порази. Утрово, избраниците на Вогел загубија од Индијана со 116:111.

Леброн Џејмс се врати во тимот и имаше одлична партија со 31 поен, 8 скокови и 7 асистенции, но Ентони Дејвис потфрли во нападот и постигна скромни 8 поени.

Во редовите на Индијана, ТиЏеј Ворен беше прв играч со 39 поени. Тој реализираше дури 18 поени во првата четвртина, како и седум последователни поени во последните две минути од мечот, кого се кршеше резултатот.

Неверојатниот Лука Дончиќ одново имаше партија за паметење и го предводеше Далас до триумф од 136:132 над лидерот на Истокот, Милвоки.

Словенецот постигна 36 поени, 14 скокови и за себе рекордни 19 асистенции. За него ова беше 17-от трипл-дабл учинок оваа сезона, никој не може да го достигне, тој ќе остане на врвот во оваа статистика и ќе го собори рекордот на легендарниот Меџик Џонсон, како најмлад кошаркар кој ја предводел сезоната во НБА по број на трипл-дабл учиноци.

Лука Дончиќ исто така собори и постигнување на уште една легенда, Мајкл Џордан и стан најмладиот кошаркар кој постигнал барем 35 поени, 15 асистенции и 10 скокови во еден натпревар.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе