МЗТ Скопје

Тренерот Кочов и капитенот Стојановски остануваат во МЗТ Скопје

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов и капитенот Дамјан Стојановски ја продолжија соработката со клубот и за следната сезона.

Фото: МЗТ Скопје

МЗТ Скопје почнува да го составува тимот за следната сезона, најпрво ги обезбеди потписите на тренерот и капитенот.

„Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и следната сезона од клупата ќе биде предводена од досегашниот тренер Ѓорѓи Кочов, додека капитен и понатаму ќе биде репрезентативецот Дамјан Стојановски. Двајцата денеска договорија продолжување на соработката, која само формално ќе биде официјализирана во следните неколку дена“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Во моментов покрај Дамјан Стојановски, договори со МЗТ Скопје имаат и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.

МЗТ Скопје во следната сезона веројатно ќе настапува во првата АБА лига на местото од Копер Приморска, но се уште чека официјална потврда за тоа.

Легенда под Главна слика

Фото: МЗТ Скопје

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе