Квалификации за ЕП 2022

Трајковски: Овие млади момци ми даваат сила и мотивација, за Македонија ќе играм до крајот на кариерата

Бојан Трајковски е разочаран поради тоа што Македонија не успеа да избори пласман на Евробаскетот, но верува дека имаме добра иднина и наскоро ќе се најдеме на континенталниот собир. 

Бојан Трајковски беше еден од најдобрите кошаркари на Македонија во Перм, тој покажа дека неговото искуство е многу важно за младите кошаркари кои допрва треба да ја носат репрезентацијата кон успеси.
 
„Разочаран сум и тажен само поради една работа, а тоа е дека овие млади кошаркари од нашата репрезентација нема да играат на ова Европско првенство. Но од почетокот имавме многу проблеми, ни недостасуваа многу играчи, јас не ги играв тие први два меча, други кошаркари исто така не настапија на нив, но на крајот покажавме големо срце, се боревме на секој натпревар за секоја топка и покажавме дека можеме да играме против силни селекции како Италија, Русија, Естонија. Ќе се обидеме да поправиме некои мали работи и преку следните квалификации да избориме пласман на Евробаскет“, вели Трајковски.
 
„Еднаш во Македонија изјавив дека за репрезентацијата ќе играм до крајот на кариерата, а сега сум уште посигурен во тоа бидејќи овие млади играчи ми даваат сила и мотивација, ќе бидам за нив тука до крајот за да им помогнам, да им дадам поддршка, за се што им треба ќе бидам тука се додека не ја завршам кариерата“.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе