НБА

Торонто повторно го изненади Голден Стејт, „репторс“ на една победа до титулата во НБА! (ВИДЕО)

Торонто е на чекор до првата титула во својата историја, „репторс" утрово повторно го изненадија Голден Стејт и го совладаа во „Оракл" арена со 92-105.

Торонто поведе со 3-1 во финалето на НБА, клубот од Канада е на победа до титулата, која може да ја освои веќе во вторник наутро доколку триумфира пред својата публика во натпреварот број 5.

„Репторс“ повторно го изненадија актуелниот шампион во „Оракл“ и славеа со 92-105. Домаќините одлично го отворија мечот и имаа двоцифрена предност пред крајот на првата четвртина. Сепак Торонто не му дозволи на противникот да се одлепи и на пауза се замина со резултат 46-42.

Гостите потоа блеснаа во третиот период кој го добија со 21-37 и креираа клучна предност, која умешно ја задржаа до самиот крај за големо славје.

Кави Ленард мечот го заврши со 36 поени од кои 17 во третиот период кога практично беше решен победникот.

Томсон кој се врати по повредата беше прв играч на Голден Стејт со 28 поени, но вистинска помош имаше само од Стеф Кари кој мечот го заврши со 27 поени.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе