НБА

Торонто на чекор до финале, фантастичниот Ленард ги предводеше „репторс“ до брејк против Милвоки (ВИДЕО)

Торонто поведе со 3-2 против Милвоки и е на чекор до финале во НБА, утрово „репторс" славеa на гостувањето кај „бакс" со 105-99.

Откако Милвoки ја отвори финалната серија на Истокот со 2-0, Торонто забележа дури три победи во низа. Утрово „репторс“ славеа на гостувањето во „Фајсерв Форум“ со 99-105, направија брејк и поведоа со 2-3.

„Бакс“ одлично го започнаа натпреварот и по пет минути играа имаа водство од 18-4. Сепак, следуваше одговор на Торонто и серија од 2-18 па на пауза се замина со резултат 49-46.

Третиот период беше изедначен, за во последната четвртина Торонто прв да зададе удар и со серија од 10-0 да се одлипи на 82-89. Домаќините не се предадоа и се изборија за егал 93-93 на 150 секунди до крајот.

Но “репторс“ беа поумешни во завршните минути и стигнаа до триумф од 99-105. 

Кавај Ленард имаше фантастична партија и го заврши натпреварот со 35 поени и 9 асистенции.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе