НБА

Торонто ја прекина победничката серија на Лејкерс (ВИДЕО)

Торонто Репторс со 113:104 го победи Лејкерс во Лос Анџелес и им ја прекина серијата од седум победи по ред. 

По седум победи по ред Лос Анџелес Лејкерс загуби и тоа на свој терен, ноќеска доживеаа пораз од Торонто. Победникот се решаваше во последниот период во кој се влезе со нерешен резултат, но последните 12 минути гостите ги добија со 35:26 и дојдоа до големата победа.
 
Леброн Џејмс оствари трипл дабл но немаше многу поени, неговиот учинок беше 13 поени, 13 скокови и 15 асистенции, Ентони Дејвис беше најефикасен во составот на Лејкерс со 27 поени. Кај победничкиот тим Сиакам реализираше 24, имаше и 11 скокови.
 
 
Интересен беше мечот меѓу Минесота и Денвер кој го добија гостите по продолжение со 100:98.
 
Денвер во последната четвртина влезе со 16 поени предност, но во последните седум минути не можеше да постигне ниту еден кош, Минесота успеа да дојде до израмнување и да го однесе натпреварот во продолженија но во нив гостите сепак беа подобри за два поени. Минесота имаше катастрофален шут за три поени, од 45 обиди даде само шест тројки.
 
Јокиќ со 20 поени беше најефикасен во составот на Денвер, кај домаќините Таунс постигна 25 поени, имаше и 16 скокови.
 
 
Резултати:
 
Минесота - Денвер 98:100
Орландо - Индијана 102:109
Филаделфија - Шарлот 114:106
Оклахома - Милвоки 119:121
Њујорк - Кливленд 87:108
Феникс - Бруклин 138:112
Портланд - Атланта 124:113
ЛА Лејкерс - Торонто 104:113
 

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе