НБА

Торонто испиша историја, Канада за прв пат има НБА шампион! (ВИДЕО)

Торонто репторс со 114:110 победи на гостувањето кај Голден стејт, со 4-2 ја доби финалната серија и за прв пат во својата историја стана шампион во НБА лигата.

Канада го доби првиот НБА шампион, Торонто слави историска титула. Голден стејт по трет пат беше поразен на свој терен во финалната серија и мораше да ја предаде шампионската круна на својот противник.
 
Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, и двете екипи се менуваа во водство, а ниту една екипа не направи двоцифрена предност. Финишот им припадна на гостите од Канада кој на крајот славеа со 114:110.
 
Дополнителен проблем за Голден стејт беше повредата на Клеј Томпсон во финишот од третата четвртина кога му настрада коленото и веројатно пред него е подолга пауза. Поради повреда тие не можеа да сметаат и на Кевин Дурент.
 
Лаури и Сиакам со по 26 поени беа најефикасни во составот на Торонто. Лауири имаше и десет асистенции, а Сиакам десет скокови. Кај Голден стејт најдобар беше Томпсон кој до повредата имаше 30 поени.
 
За МВП на финалната серија беше прогласен Ленард кој по втор пат ја освојува шампионската круна во НБА, првата титула му е со Сан Антонио во 2014 година.
 
 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе