петок, 26 април 2024

Русите ја напаѓаат украинската железница, сакаат да спречат испорака на американското оружје

Русија врши воздушни напади чија цел се украинските железнички пруги за да ја прекине испораката на американското оружје на фронтот и да ја отежни воената логистка, тврдат украински извори. Соединетите Американски Држави одобрија оваа недела пакет помош за Украина од 61 милијарда долари и порачаа дека првите испораки треба да стигнат за неколку дена, во обид да се ублажи недостигот од артилериска муниција на украинските сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската помош за Киев е одобрена по шест месеци блокирање во Конгресот, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу порача дека Москва ќе ги засили нападите на логистичките центри и складиштата во кои се наоѓа западното оружје. Украинската железничка инфраструктура вчера и денес била мета на руски напади во регионот Доњецк, во Харков и во централниот регион Черкаси, објави националната железничка компанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ