НБА

Торонто испиша историја, го победи Милвоки и за прв пат ќе игра во големото НБА финале! (ВИДЕО)

Прв пат еден тим од Канада ќе игра во големото НБА финале, Торонто со 100:96 го победи Милвоки и ја доби финалната серија на Истокот со 4-2.

Канада се радува на историски успех, Торонто против Голден стејт ќе се бори за титулата во НБА лигата.
 
Милвоки водеше во три четвртини, неколку пати имаше и 15 поени разлика, но последниот период им припадна на домаќините. Торонто направи пресврт и на крајот победи со 100:96.
 
Кавај Ленард беше херојот на Торонто, постигна 27 поени, имаше 17 скока и седум асистенции. Во составот на Милвоки најдобар беше Адетокумбо со 21 поен и 11 скока.
 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе