НБА

Торонто доминираше против шампионот и поведе со 1-0 во финалето на НБА (ВИДЕО)

Торонто го доби натпреварот број 1 против Голден Стејт во финалето на НБА, „репторс" го искористија домашниот паркет за да доминираат против шампионот и да слават со 118-109.

За првт пат, натпревар од финалето во НБА се играше надвор од САД и Торонто не ја испушти приликата да испише историја. „Рептрос“ на крилјата на фановите и одличниот Сиакам, доминираше против Голден Стејт и поведе со 1-0.

Камерунецот натпреварот го заврши со 32 поени и 8 скокови, погоди 11 последователни шутеви и реализираше 14 шута од 17 обиди со што стана само седмиот кошаркар кој во натпревар од финале постигнал над 30 поени со процент на шут поголем од 80%. 

Натпреварот беше неизвесен само до средината на втората четвртина, потоа Торонто направи серија и на пауза замина со +10 (59-49).

Голден Стејт како по обичај се обиде да се врати во последната четвртина, дојде и до -3, но „репторс“ брзо се вратија во двоцифрена предност и умешно го чуваа водството за триумф од 118-109.

Најдобар поединец на мечот беше Стеф Кари со 34 поени, 5 асистенции и исто толку скокови. Првата ѕвезда на Торонто, Ленард пак постигна 23 поени а придодаде и 5 асистенции и 8 скокови.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе