Лош крај на сезоната за Голден стејт

Томпсон скина лигаменти на коленото, па шутираше слободни фрлање и сакаше да продолжи да игра! (ВИДЕО)

Нов пех за Голден стејт, Клеј Томпсон на последниот меч со Торонто ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе паузира помеѓу шест и девет месеци.

Во финишот од третата четвртина при еден доскок Томпсон ги повреди лигаментите, изгледаше лошо и со помош од своите соиграчи беше испратен во соблекувалната. Но за чудо реши да се врати и да ги изведе слободните фрлања бидејќи при падат беше досудена лична грешка.
 
Откако ги изведе слободните фрлања сакаше да продолжи да игра. Останатите со чудење го гледаа, а лекарскиот тим и тренерот не му дозволија да игра, мораше да го напушти теренот.
 
За скинати лигаменти паузата е помеѓу шест и девет месеци, а тоа значи дека Клеј Томпсон може да пропушти сериозен дел од идната сезона.
 
До повредата тој имаше 30 поени, беше најдобар во составот на Голден стејт и иако не го доигра натпреварот остана најефикасен на теренот.
 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе