Македонија - Естонија

Тодоров: Задоволен сум од подготовките за мечот со Естонија, но имаме проблем со вироза

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Тодоров вели дека селекцијата е погодена од вироза, но се надева дека се ќе биде во ред до утрешниот меч со Естонија. 

Македонија утре со почеток од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе игра против Естонија во првиот меч од квалификациите за ЕП.
 
„Влегуваме во последните неколку часа пред првиот натпревар. Она што можам да го истакнам како промена од тогаш е дека одработивме еден циклус, осум тренинга и еден пријателкси натпревар. Нешто што особено ме прави задоволен е што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите кко што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Имавме мали проблеми, особено по ријателскиот натпревар со Гостивар, некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. Имаме некои ситни повреди, но нашиот медицински штаб тврди дека ќе бидат подготовени и за нашиот вечерен тренинг“, вели Тодоров.
 
„Имавме неколку тренинзи заедно, можеби не беа премногу, но сепак доволно. Задоволен сум и од тактики и од физички план. Наше е сега да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат“ – додаде репрезентативецот Бојан Крстевски.
 
Билетите чинат по 100 денари, а сите средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
 
Фото: КФСМ

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе